July 4, 2008

По три години чекање на Knowing

Прво, да кажам дека Алекс Пројас е потпишан на два од моите омилени филмови, The Crow и Dark City. Второ, Knowing го чекам од 2005, кога беше најавен, баш сега ја гледам темата што сум ја отворил на МФФ. Требаше да излезе уште во 2006 и беше неизвесно дали воопшто и ќе се случи филмот. Пред некој конечно месец започна снимањето и тоа со Николас Кејџ во главна улога. Тогаш првпат ми се намалија очекувањата за Knowing. Зошто Николас Кејџ? Зошто упорно е во филмовите кои ќе ме заинтересираат (National Treasure, Ghost Rider)? Што е следно? Ќе биде Wonder Woman? Океј, се зезам, ја мразам Wonder Woman, ама бар е бољи од Николас Кејџ.

Не ми е јасно што видел Пројас во Кејџ, ама океј. Го гледав трејлерот што се појави вчера - катастрофа. Иако не сакам да формирам мислење или очекувања од трејлери, тоа што ги видов беше комплетно разочарување. Оргиналната идеја е измената и филмот воопшто не изгледа така како што го замислував и како што требаше да биде - мрачен и језив. Ова повеќе изгледа како лош филм со Сандра Булок.

Идејата на филмот ми звучеше уникатно и затоа ме привлече толку. Тип наоѓа купче цртежи од деца во мистериозна временска капсула од 50-тите и испаѓа дека катастрофите на цртежите се имаат остварено и останува уште една, позаебана од сите други, што допрва треба да се случи. А, што е ова тука? Бројки и букви и Николас Кејџ трча и ги дешифрира.

Иако имам некаква мала надеж дека и нема да испадне толку лошо, сепак чекањето (четири години, филмот излегува во 2009) знам дека нема да се исплати. Трејлерот може да се погледне тука.

2 comments:

XXX-->Ivan<--XXX said...

Што бе, сега и Николас Кејџ не ти чини?

Бојан Николов said...

Никогаш не ми ни чинел. :)