December 1, 2010

Prison Break: Втора сезона

Со Prison Break се случува она што најчесто се случува со серии кои непланирано продолжуваат со нови епизоди и сезони (многу сакам да кажам Lost во моментов, ама не). Серијата на почетокот била замислена како мини-серија, меѓутоа наидува на интерес кај публиката, па така е продолжена како цела една сезона. Бидејќи гледаноста е огромна, логично е да се продолжи и со втора сезона. За жал, сценаристите очигледно немале баш идеја за тоа како би терале понатаму.

Втората сезона ги раскажува настанати кои следат по бегството на крајот од првата сезона. Сега сите што успеаа да избегаат, ги бараат закопаните пари на Д.Б. Купер. Сите елементи кои ја правеа добра прва сезона, пред се, Фокс Ривер затворот, ги нема. Тетоважите на Скофилд се тука колку само да ги има и згора на се, по него тргнува и агент кој успева да ги дешифрира и да го предвиди патот на браќата до Панама. Мораа и Сара некако да ја пренесат во втора сезона, значи Сара ја изгуби работата во затворот и отиде во илегала заедно со останатите. Нормално, и Белек е отпуштен, па сега и он ги бара 500.000$ на Купер.

Ужасно напишани епизоди, глупи заплети и милион беспотребни ствари. Исфорсирано до максимум. Пола од епизодите ги заспивав и едвај ги догледував. Брканица низ цела Америка, упорно сите се наоѓаат на исто место во исто време, ликовите се сменети од корен и ретко кој се однесува барем слично како што му прилега на карактерот. Како да е скроз различна серија.

Да биде најсмешно, на крај сите се најдоа во Панама и завршија пак во затвор. Само што сега Мајкл е во затвор, а Линк ќе се обидува да го извади. Ја почнав и третава сезона, првите две епизоди се интересни, малку претерaни, ама во секој случај многу подобри од се што видов во втора сезона. Ме чуди како успеала серијата да опстои и четврта сезона.

2 comments:

A guy said...

Во 80% случаи со сериите , првата сезона е највредна.
Призон Брејк е во таа бројка.

Anonymous said...

Втора сезона е епик фејл. Да ја гледав неделно, ќе се откажев уште при првите 4 епизоди. Трета сезона ми е омилена заедно со прва. Кратка, слатка, нереална и ненатрупана со глупости.
Иначе во Lost немаше такви коинциденции како што има тука, али ипак е само серија =)

Миќи.