July 22, 2012

Новите DC: Крај на Night of the Owls

Конечно купив таблет, пред некој ден. Ефтин, веројатно склопен на брод на пат од Кина за навака, ама си ја врши работата - одлично се читаат книги и стрипови на него. За друго и онака не ми треба. Прво што грабнав за читање беше тековниот Batman, кој со бројот #11 ја заокружи приказната за Court of Owls.

Шокантно финале, баш какво што доликуваше на приказната која Снајдер ја билдаше изминативе десет месеци. Целата таа мистерија околу Court of Owls крие една многу поголема, директно поврзана со Брус и Вејнови. Снајдер се осмели да отиде толку далеку и Линкол Марш во Талон костим да го претстави како изгубениот брат на Брус Вејн, за кој се верува дека починал брзо по предвременото раѓање. Брус одбива да верува во она што го зборува Линколн Марш, иако тоа што го зборува додека се борат низ Готам (браво за цртежите на Капуло) звучи убедливо и прави смисла. Во иста мера и неверојатно, но доволно моќно да го збуни и Бетмен и читателите. Приказна која чепкаше по корените на Готам и неговите еминентни жители, како Вејнови, требаше да дојде до некоја ваква точка. Самиот крај и The Fall of the House of Wayne оставаaт отворени прашања кои ја размрдуваат почвата на која стои ликот и неговата историја. 

А, кога сме веќе кај поместување на бет-чизми, дочитав/прочитав R.I.P. конечно. Со главоболка и падната вилица на крај, ќе се поклонам пред Грент Морисон за мајндфакот. Единствено нешто што можев да го читам со восхит после Batman на Снајдер беше ова. Заслужува посебна анализа и дискусија, само ќе треба време за да легне ко што треба. Премногу е. На Снајдер приказната колку и да е добра, е безкофеинско кафе со млеко од соја во споредба со ова. 

Nightwing и The Dark Knight за жал паѓаат во сенка на тоа што го прочитав викендов. Особено Nightwing, на кој ќе му дадам уште една шанса да ме запрепасти. Под влијание на останатите, мислам дека не го оценив како што треба. The Dark Knight е океј, лајт приказни, преубаво нацртани. Прочитав и Hush. Ги исполни очекувањата, може да пишам нешто и за тоа ако имам време.

Значи, сега го чекаме новиот арк на Batman. До тогаш, читам новиве Batman & Robin, зошто ми делуваа како да чепкаат моменти од R.I.P. а не стигнав да ги пролистам асално.

No comments: