November 20, 2012

Looper (2012)

Looper изгледаше фино на трејлерот, и одма да кажам - сосема океј филм е. Брус Вилис може да си допише уште еден лабав СФ на списокот. 12 Monkeys нема да го сместам во оваа категорија зошто воопшто не е лабав и е едно 12 класи погоре. А, Џозеф Гордон-Левит со уште една улога докажа колку е способен. Сериозно, кој очекуваше дека копиљот од Третиот Камен од Сонцето ќе може да се носи и со поголеми улоги? Спојлери подоле.

Looper е во суштина акционен трилер, со класична СФ подлога - патување низ време. Мојата омилена тема, експлоатирана до бескрај и изведена на милион начини. Многу пати со различен пристап, теории и парадокси кои исто така причинуваат и дупки во приказните. Енивеј, ќе дојдам и до тоа, ако не заборавам зошто уште седум пати ќе ме прекинат додека го пишувам ова.

Значи, во 2044 патувањето низ време не е измислено. 30 години подоцна е, меѓутоа веднаш е забрането и се користи незаконски. Логично (најверојатно не), забранетата технологија ја користи мафијата! И, тоа не за да ги прави секојдневните мафијашки работи, туку испраќа луѓе во 2044 за да ги упукаат платените убијци познати како "лупери" (добро, како да ги пишам?). Бидејќи нели, во таа иднина те следат до тој степен што ако мафијата сака да се ослободи од твоето тело, ќе мора да те прати во минатото за да застрелаат. Океј, ќе поминеме низ ова, океј? Океј. 

Некој од иднината решава да се ослободи од луперите, со тоа што ќе ги прати во минатото да се убијат сами себе. Сериозно? Сами себе? Зошто? Океј. И, нормално, старата верзија на Џо е Брус Вилис кој и не планира туку така да биде убиен. О, не. Планира да го најде типот од иднината што ги нарачува овие ствари и да му пружи класичен Брус Вилис третман додека е сеуште дете. Океј, доколку некој воопшто стигнал до тука со читање, ќе претпоставам дека го гледал филмот и нема потреба да го раскажувам, нели? Филмот е океј. Онака, во духот на постарите СФ филмови, баш какви што фалат. Без многу ефекти, со некаква СФ приказна, па макар и полна со дупки. Мислам, веројатно стварите околу патување низ време си функционираат така како што функционираат во рамките на универзумот на делото. Секој може да се исфура теорија каква што сака, и освен ако не е крајно забегана, често испаѓа океј.

Ме изненади колку добро изгледаше Џозеф Гордон како млад Брус Вилис. Што ти прави добар мејкап артист и гледање филмови со Брус Вилис со недели. Изразите на лицето, гестовите... погодено таман. Сепак, не колку Џош Бролин во Man in Black 3, зошто Бролин е далеку подобар актер од Џозеф Гордон-Левит.

Еј, да. Единствена непотребна работа во цел филм беше онаа глупост со телекинезата. Зошто? Сериозно, зошто? Ајде океј, голтнав многу ствари, ама ова беше стварно не за тука. Јасно ми е дека сакале малиот да го претстават како некој што би пораснал во гнасен негативец и се појебава со луперите во иднината, ама телекинеза бе? Мутација? Луѓето стануваат мутанти со телекинеза? Не, не. Не. Другото како што кажав - океј. Подобар од Total Recall со Колин Ферел. Тоа го изгасив после неколку минути и го избришав.

1 comment:

Љубиша Сулимановиќ said...

Could not agree more.
И уште неколку ствари:
- Зошто "остарените лупери ги праќаат назад да бидат убиени"? Која е целта на тоа?
- Ако функицонира системот на принцип “прати го назад во време да го убие некој кој знае дека ќе пристигне тогаш и тогаш“ не е полесно еден човек пратен од мафијата (рецимо Џеф Даниелс) да потроши 5 дена на секој 5 минути да убива по еден тип и на крај да си живее среќно, а не да развиваат мрежа од 100 луѓе кои треба да се платат?
Слабо сценарио. Слабо...