January 12, 2013

Траумите од The Walking Dead стрипот

По шеесетина прочитани броеви, јас сум запрепастен од тоа што го видов на страниците од The Walking Dead стрипот. Неколку пати до сега сакав да искоментирам нешто, меѓутоа бев уште повеќе изненаден од секоја прочитана приказна и решив да почекам. Стрипот дојде до момент кога си веќе потресен и истрауматизиан. Кога си толку соживеан со ликовите што силно им го чуствуваш товарот и маката. 

Од класична зомби приказна каде група луѓе преживуваат во пекол на Земјата, Роберт Киркман прави ремек дело кое апсолутно може да стои рамо до рамо со зомби 'литература' каква што нуди Ромеро. Неколку пати смело крши некои морални норми и оди до степен каде што зомби жанрот и целата таква ситуација воопшто нема допрено. Дури некои моменти од The Walking Dead, покажуваат колку зомби темата била површно чепната до сега. Сме гледале распаднати лешеви како им го заебуваат денот на луѓе во подрум, на кров од зграда и еден куп ситуации каде што откако ќе завршело тоа, ликовите се препуштени на изменетиот свет. Никогаш до сега не сум видел што понатаму се случува со тие ликови, со светот и како на нив им влијае целото срање. 

Моментално до кај што сум со читање, светот е веќе одамна пропаднат. Насекаде има зомбија, војната е очигледно изгубена, а луѓето се во мал број и приморани да се снаоѓаат како стигнат. Ресурси како храна, вода и оружје се најскапоценото нешто во моментот. Никаде не е безбедно, зошто само прашање на време е кога твоето привремено живеалиште ќе биде преплавено со новите жители на САД (до сега, не е јасно баш што се случува со остатокот од светот). Гледаш до каде оди инстинктот за преживување, гледаш како е изменета човечката природа и однесување. Среќаваш и луѓе кои се поголема закана за други луѓе од самите зомбија. Сите човечки вредности се комплетно изменети, исто како и правилата кои ги наложувал светот претходно.

Како што кажав, стрипот оди далеку со сите овие работи. Предалеку. До степен да се запрашаш дали воопшто можеш да го читаш ова понатаму. А, те влече. Те влече ко Lost. Имаш толку неодговорени прашања и толку многу ликови за кои се грижиш. Ликови кои се сепак луѓе и не се во никој случај отпорни на било каква физичка, па дури и психичка закана. Ликови кои се ранливи и умираат.

Серијата не ми се свиѓаше. Ја гледав првата епизода и не ме воодушеви. Изгледав уште некоја епизода пред некое време (откако стрипот успеа асално да ме завлече) колку да видам како го следи стрипот, и не е тоа - тоа. Работите што ги има во стрипот, не се за на телевизија. Нема пошироката публика стомак за тоа. Стрипот е врв, за многу брзо време влезе во моите омилени. Моментално е стигнат до #106. Читањето е брзо, зошто секој број ти завршува со клифхенгер, и додека се освестиш, веќе си прочитал десет. Не знам што ќе правам кога за некој ден ќе треба да чекам по месец за нов.

2 comments:

Влатко said...

на почеток е многу интересен ама после некое време стабува досаден и репетитивен, дејството се врти у круг, едно те исто (како БПРД последниве броеви). Не знам дали си го читал Y The Last Man многу многу подобар постапокалиптичен стрип...

Бојан Николов said...

Ја сум до 70 и некој број моментално и топ ми е. :) Баш ми текна и мене на Y дур читав ова, немам читано, може да се ѕирне откако ќе завршам.