November 27, 2014

Нема простор за нов Терминатор

Пред повеќе од пола година пробав да си го дадам одговорот што е во насловот погоре. Ама, ако можат да се упорни со глупостите, неколку мои постови на оваа тема нема да убијат никого... веројатно. Океј, значи очигледно е дека никој не сака да види Терминатор филм без Шварценегер. Не сакам ни јас. Меѓутоа, исто така не сакам кога некој свесно удира клинци во сандакот на една од моите омилени франшизи. Освен ако ова не е некој подмолен социјален експеримент со кој ќе се истестира и предизвика интелектот на публиката за која претпоставиле дека ќе проголта било што со Терминатор во насловот, не гледам друго рационално објаснување. 

Тотално не е нискобуџетна СФ серија

Приказната е следна. Не го измислувам ова, на Википедија е! Џон Конор го испраќа Кајл Риз назад во времето да ја заштити Сара Конор. Но, наместо како во оргиналниот филм, ситуацијата е далеку позаебана. Поеднакво заебана и за Кајл Риз, како и за стомакот на секој јадник што ќе плати за да го гледа филмот. Сара Конор останала без родители на девет години, откако друг Терминатор ги убил, па од тогаш навака единствената татковска фигура и е моделот на Шварценегер, програмиран да ја заштитува. Ова не го пишува на Википедија, некаде го имаше по нетов, ама ќе му се обраќа со "тато". Некој во Холивуд сериозно мислел дека ова е одлична идеја која дефинитивно треба да добие зелено светло, затоа што кој те ебе, бе.

По триминутна дискусија уз крек, на масата со сценаристите, практикантите и чистачот, смислиле и зошто Шварценегер ќе изгледа колку што има години, односно 90. Кожата врз ендоскелетот, не е синтетичка, туку органска, па старее. Како ви текна, ментално предизвикана бандо? Само што, ова не е идеја на група младичи притиснати со рок да нашлакаат некаква приказна и сценари. Доаѓа директно од Џејмс Камерон кој им го кажал првото што му дошло на памет, пред да замавне со палката за голф. Гледаш? Ни он веќе не се замара. Само јас се замарам со филмов, очигледно.

Промо фотките се смешни исто како и името. Изразите на лицата им се како да гледаат директно во филмот. Освен Калиси, она не може веќе ни да гледа, па гледа директно во тебе, и ако гледаш доволно долго, мрда со главата лево-десно во неверување. А, името го сменија во Genisys, зошто Genesis не звучеше доволно лошо. Шварценегер веќе почна да се однесува за годините. Онака, ко да му е мило што младиве го дружат, а и он ги разбира пошто духот му е млад, нели.

1 comment:

Unknown said...

Ме мрзи да истражувам (5 сек. гугл), па ќе ти верувам на зборот. Во тој случај, реакцијата ми е: Дали во одреден момент (2000 можеби?) нашиов универзум се одделил(настанал) и станал универзумот со најлошите сиквели/приквели/римејци во сите универзуми од мултиверзумот. Толку е лоша приказната, шо мислам дека повеќето луѓе побрзо би поверувале во мојава теорија.