August 4, 2016

1000

1000 постови на Crapwerk, ej. Кога видов дека се ближам кон оваа бројка, почнав да размислувам како да го обележам ова и дали воопшто има потреба. Да склопам пост за тоа како не ми се верува дека сум напишал 1000 постови? Да ги соберам најчитаните сто откако сум почнал да пишувам? Да ставам смешна слика со текст на неа? Да напишам за нешто за кое никогаш не сум пишувал? Да напишам нешто за кое никогаш не сум пишувал. Може. Тогаш ми текна. Ќе пишувам за Terminator 2: Judgement Day

Во милион наврати сум го спомнал како еден од трите омилени филмови и еден од двата на кои сум плачел како мала кучка, а никогаш не сум напишал повеќе од тоа. 25 години од филмот. Датумот за 1000-тиот пост e совршен. 4-ти август. Денот кога Скајнет е активиран. Ама, чекај. Што ако пак не напишам... Што ако викнам неколку другари што блогираат и да се распукаат на тема T2? Резултатот е подолу. Пишуваат Кантарот, Љубиша, Патчев, Мешков и Пецо. Фала ви, дечки. Мило ми е што помогнавте да се заокружи оваа Crapwerk приказна.



Колку ли пати сум го гледал Terminator 2: Judgment Day? Сто? Десет? Еднаш? Дали сум го гледал во кино или на матна снимка од видеотека Пео? Дали кога сум го гледал сум бил заљубен во Сања или во Искра? Сеќавањата од детството се флуидни, а секое навраќање на нив додава нови мириси и бои, создавајќи раскошни фантазии. Сакав пак да го изгледам филмот пред да го напишам освртов, за да знам каде завршува целулоидот а каде започнува мојата фантазија. За жал (или можеби за среќа) време не најдов. Затоа ова што следува е импресионистички текст во кој се мешаат филмот на James Cameron, спотот на GnR, муабетите со Сања и Искра, и стотиците филмови кои имале несреќа да бидат споредени со Т2.  

Дури сега кога треба да ги ставам овие импресии на интернет, сфаќам колку малку се сеќавам на оригиналната приказна. Пред очи ми е Т-1000 како поминува низ решетка, како извира од плочки, како се распрснува на илјада парчиња и полека повторно се составува. Тука негде се и бегството на Сара Конор, лудата трка со камионот, репликите на Арнолд, конечната пресметка меѓу двајцата терминатори и подигнатиот палец од течната лава. 

А сепак ниедна од овие сцени не може да ги оправда емоциите кои и ден денес ги имам кон главните актери: морници од Robert Patrick секој пат кога ќе го видам на филм, симпатии за Arnold Schwarzenegger дури и кога стана карикатура на самиот себе, микс од сексуална привлечност и стравопочит кон ликот и делото на Linda Hamilton, и љубомора кон Edward Furlong оти никогаш ги немав неговиот (тогашен) шарм и фризура. 

Филмофилот во мене тврди дека виновникот за овие чувства е James Cameron, чијашто мешавина на спектакл и патос успеала да ме ‘измести’ повеќе пати од што се осмелувам да признаам. Детето во мене знае дека некои чувства се необјасниви, и дека филмовите видени со очи на возрасен немаат шанси со фантазијата на еден дванаесетгодишник. 



Кога Бобо прв пат ми рече да напишам пост за неговиот јубилеј на блогот, 20 години или слично, не знам ни јас, помислив тоа што би помислил секој човек кога некој близок ќе му побара услуга: Кај баш сеа мене ме најде... Поинтересно од сѐ, ми рече да сум пишал нешто за Терминатор 2. Филм кој 25 години не сум го гледал. Седнав и размислив и дури после сфатив која е поврзаноста. Бобо е блогер. Има блог. Блог. Медиум, кој исто како Терминатор франшизата, не прифаќа да умре и се мачи и мачи и се понижува и натаму со нови дебакли. (мислам кој пишува уште постови за Воркрафт нивоа??) 

Што памтам од Терминатор? Шизофрена средновечна жена која е ентузијаст за вториот амандман, нејзиниот деликвент (хинт: носи црно) наркоман син и австриски билдер се обидуваат по секоја цена да го спречат напредокот на цивилизацијата. Шала на страна, замислете денес да излезеше овој филм, а пред него да беше излезен само првиот дел, оној поевтиниот. Лошиот од кецот сега е добар. Истата прича е, ама малку свртена само за да го има Шварценегер и неговата улога која друг глумец не би можел да ја одглуми пошто глуми робот! 

Како е овој филм добар? Не е добар. Во добро време е правен. И има музика од ГНР. Ова не значи дека нема да го гледам пак. Мислам дај, Кобра и Командо ги гледаме па за ова. Само сакам да кажам дека престрого ги цениме новиве филмови зошто сме нашле па сме зашле. Милениалците заслужуваат такава иднина како во Терминатор 2, ама без Џон Конор, зошто заслужуваат да видат како е да растеш без надеж!! 

Што е поентата на постов погоре? Ако сте го гледале Терминатор 2 и ви се свиѓал тогаш више треба да сте фамилијарни луѓе со обврски и да не читате вакви блогови како Крапверк. Ако не сте го гледале Терминатор 2 тогаш сте глупи деца кои блогови не ги ни интересираат. Заклучок: не знам за кого е Крапверк? Кој е публика? Угаси го блогот Бобо. Време е да прекинеш. Срамота е... „Пиши нешто за Терминатор 2... во 2016“... Честито јубилеј па да ме поканиш да ставам и пост на Макфилм.



Пред 25 години прв пат го гледав Judgement Day. Се сеќавам како да беше вчера. Брат ми тогаш имаше четири години, јас шест. Видовме реклама на ТВ, и не оти знаевме каков филм е тоа, но помислата дека се работи за филм со Шварценегер и со "роботи", беше доволна. Живеевме кај Градски Ѕид, спроти Собрание, па Киното Вардар ни беше буквално до г'з. Пред зграда де. 

Го гледавме со мајка ми, нормално. Едвај издржавме до пола филм. Не, не ни беше досаден, туку и ден денес ја паметам сцената со црвените очи на скелетестиот Киборг кој гази по човечки черепи, сонот на Сара Конор, Шварци си ја сече раката... И застрашувачката филмска музика позади секој акт на машините кој се поблиску го најавува доаѓањето на „Судниот ден“. Она чувство дека нешто неконтролирано и неразбирливо се приближува, а не можеш да го спречиш. Прв почнав да и цмиздрам на мајка ми – "Мамо ми е страв сакам дома!" 

Тоа беше далечната 1991 година. Во таа 1991 година, се распаѓаше една поранешна држава на најгрозен можен начин. Настани за кои не сум имал ни најмалку поим, но како дете чувствуваш некаков немир. Татко ми, како воено лице, дома не се прибира, воени возила пред Собрание до касно навечер, а тебе око не ти се склопува од страв. Иронично, и Judgement Day прикажува распаѓање на еден свет во конфликт сам со себе, кој носи апокалиптични случувања од невидени размери, па дијалектиката во реченицата на Сара Конор "The future is not set. There is no fate, but what we make for ourselves", како што ги оправда настаните тогаш, судбоносно не крои и денес. 



Ви текуе бе на еден од најдобрите ако не и најдобар филм за апокалипсата на земјата и уз тоа има роботи и многу кул ефекти. Ако не и текнуе мала за тебе :) Ако и/ ви текнуе ондак верувам дека ќе сакате да прочитате еден прикладен текст нормално со голем повод, yo Бобо ЦАРЕ! Него фалбите  на страна, девеесетите години од минатиот век беа многу кул во делот на поп културата, знам растевме со VHS касети, рентање од видеотеки па мењавање па кај кого е заглавен филмот итн итн. 

Секако станува збор за Terminator 2: Judgment Day еден од филмовите кој го одбележаа моето а и детството на мојата генерација. Шварценгер у полн ек, "I'll be back" е фразата која стана култ, фразата која ден денес се употребува во многу пародии а богами и сериозни акциони филмови од високата “B” продукција. Секако дека T-1000 ќе остане запаметен како еден од најкул негативци од тоа време (мрдањето на прстето беше врв) и нормално ден денеска избегавам да и купам кутија со ружи на поубавата половина ради поривот да стаам шатган у истата и да почнам да пукам. 

Сериозно, Terminator 2 е ингенизоен филм многу пред цвоето време, со многу флуидни и визуелно перверзни акциони сцени, дури мислам дека Шварценегер е роден да го глуми Терминaторот, улога која и те како достојно го приказжува неговиот недостаток на харизма и способност да се трансформира во пријатно човеково битие, едноставно е природен, на моменти мислам дека во филмот и не глуми. 



Касарна во Ријека, 25ти Јуни 1991, некаде приквечер. Мирче, везист од 13тиот корпус на ЈНА се обидуваше да не заспие поради жештината на хрватското лето. Пред него имаше неколку часописи претежно за филмови и компјутери и почна да ги прелистува барајќи добар материјал за дркање. Таман си најде слики од Ким Бесинџер и почна да го откопчува шлицот кога во собата влета неговиот колега Славко, србин од Пожега. Славко беше опседнат со филмови до таа мера да не знаеше да прае друг муабет. Мирче тивко го набљудуваше како несмасно кинеше селотејп и лепеше некој постер на ѕидот со некој развиен љут американец со очила за сонце. На постерот пишуваше „Терминатор 2 - Судњи дан“.

- Дај да ти наручим плејбој буразеру, па да га одвалиш како треба, нечеш ваљда да окидаш на ту мотку од жене.

Мирче се зацрвени, не му беше јасно како Славко му ја знаеше намерата.

- Јас барем на жени го кидам - му врати. 

Славко само се насмеа, обожаваше да слуша лош балкански хумор на македонски.

- Него, ово ќе да буде најбољи филм свих времена, овај Шварценегер, па он јебе двоцевком, ја сам тражио његово потекло, он је сигурно србин, сто посто сам сигуран кад ти кажем. А филм излази за недељу дана, једва чекам. А каква прича јеботе, ако си гледао први филм… ниси? Јебига, није битно. Оно роботи из будучности шаљу новог терминатора да убије побуњеника, пошто први није успео. Е сад и побуњеници шаљу њиховог терминатора, исти модел као онај из првог дела… ма шта ти ја причам уствари, ти ниси од жикине династије мрднуо.

- Мој инсект ме никад не вара - му врати Мирче.

Во тој момент во собата влезе еден од старешините, србин од некое утепано село во Лика, беше нервозен и се развика на двајцата присутни… постерот на ѕидот дополнително го накурчи.

- Почело је другови, будите спремни, креќемо ускоро. Ма шта ти је овај курац, „Судњи дан“. Јес ти за јанезе Славко, оца ти јебем? Ма јебачемо им матер алпску сутра, на курац да их набијем. Хтели су независност, добиќе курац у дупе.

Кажувајќи го тоа тргна кон постерот, демонстративно го одлепи од ѕидот, го искина на парчиња и си излезе од собата оставајќи ги Мирче и Славко со подотворени усти бидејќи не им беше уште јасно што се случи.Славко никогаш не го виде Терминатор 2, го покосија неколку метци од припадниците на територијалната одбрана на Словенија токму на 3ти Јули, денот на премиерата на Судниот Ден и тоа само неколку часа пред да се прогласи примирје.

No comments: